Select Your Style

Layout Color

Choose your layout

Color scheme

ФЕЦ НОВАЦИ

ФЕЦ НОВАЦИ

Почнувајќи од 2022 година, во 2023 година веќе ја завршивме изградбата на нашата прва Фотоволтаична централа – ,,ФЕЦ Новаци” и со горд 25-годишен производствен период пред нас, посветени сме да оставиме траен впечаток во полето за производство на електрична енергија.

,,ФЕЦ Новаци” представува првата приватна фотоволтаична централа која е воедно и најголема од ваков вид на Балканот. Истата се наоѓа во општина Новаци на локација со вкупна површина од 57 хектари.

Со поставувањето на над 856.300 метри кабли и тоа DC кабел од 811.402 метри; AC-LV кабел од 22.271,00 метри; AC-MVкабел од 18.380 метри и HV 110kVкабел од 4.300 метри како и 101.062 фотоволтаични панели, централата овозможува вкупен капацитет од 55 MW со што е предвидено годишно производство на електрична енергија од 85.000 MWh – енергија која е доволна за да опслужи 30.000 семејства.